Трагикомедија и театар на апсурдот: Член на комисијата со Грција удри по владата

Публицистката Кица Колбе која е член на мешовитата грчко-македонска комисија за историја, култура и образование ја критикува владата за кадровски смени во Комисијата која ја води битката за заштита на Охридското езеро во контекст на УНЕСКО.

“Кога не би била трагична состојбата на духот во македонската власт, но и во македонските институции надлежни за културата и културното наследство, тогаш најдобриот израз за нејзиното однесување би бил „трагикомедија и театар на апсурдот”! Иако во вистинскиот Тетар на апсурдот има мноу повеќе рационалност, отколку во овој во македонската политичка и културна стварност. Тоа го потврдува и оваа одлука.

Во време кога градежната мафија во Охрид почнува да си поставува темели за нови градби во заштитениот простор крај езерото, Претседателот на техничката влада брза да потпише разрешување на експертите во Комисијата, кои со години се борат за заштитата на Охрид како споменик на светското културно наследство! Небаре тоа е најитната работа во времето на епидемијата на корона. Самоволието мора да биде потполно, и тоа на сите нивоа!”, реагира Колбе откако владата разреши тројца членови на комисијата.

“Одличен потег на владата! Во услови на епидемија мора да се отстранат сите кои на било каков начин можат да ја загрозат!”, напиша предходно Донка Барџиева Трајкивска еден од сменетире членови на комисијата.

Лани во јануари тогашниот министер за култура Асаф Адеми ја смени Донка Барџиева Трајковска, која членуваше и во Комисијата за ревизија на проектот
“Скопје 2014”, од позицијата стручен советник за креирање на културни политики за 2019 година.

SHARE