Трајанов: Со пописот мора да дознаеме колку живеат овде, а колку не

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вели дека не е спорно дека попис мора да има, но дека има некои пропусти во Законот за попис:

„Тоа е околу разграничување на резидентно и нерезидентно население. Добро е да се попишеме, но објективно мораме да знаеме колку се оние кои живеат овде во Македонија.

А тоа не се вгради во овој закон.

Затоа предложив од Собраниската говорница, експерти од сите политички партии да учествуваат во законот за попис.

Директорот на Заводот за статистика да ги повика тие експерти, да ја погледнат методологијата и тоа што е пропуштено, а е битно и клучно да се вгради во методологијата“, рече Трајанов во синоќешното гостување на ТВ24.