Трајкоска: Експерти да не плукаат, познавачи да не навредуваат

Првиот човек на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска вознемирена од нетолеранцијата на провладините креатори на јавното мислење во спорот со Грција кон тие што не прифаќаат промена на името.

“Зошто луѓето т.н. експерти/познавачи на тематиката преговори или менување на името на Македонија, се спремни да го навредуваат соговорникот, да плукаат по тие што не се согласуваат со нив, или кои се против менување на името?

Дебатите се сведуваат на зборување за себе и тие што се на дебатата, а не а темата во емисијата?! Толку ли имаме кратко сеќавање дека во претходниот период имавме “експерти” кои беа фатени како “пијани за плот” за главните пораки на владеачката партија и беа главни стожери на вмровската пропаганда. Ние сите им се смеевме и ги критикувавме. Каде бе вака?!

Плурализам бе луѓе, плурализам на мислења, ставови, различни мислења и аргументи без плукање, лични гадинки и без бранење на политички ставови. Содржина ни треба, содржина.
Еве јас да си кажам. Јас сум против менување на името во некакво квази и “креативни” имиња од Илинден…

Крушево итн. Против ерга омнес, против непреводливи термини, протов квази кованици, против менување на име на јазик и народ.

Свесна за фактот дека мораме веројатно да го смениме името, тоа на крај треба да биде со најмалку штета, со минимум достоинството и цврст македонски идентитет. И РЕФЕРЕНДУМ.

Криминалот и штетата на претходната власт нема да се намалат со менување на името, нити ќе ги решат нашите проблеми.

Кој од нас верува во иднината на Република Македонија?

Кој политичар верува дека можеме без патронат од други земји да опстоиме и да преживееме? Колку од нив може без флоскулите за НАТО и ЕУ да ни објасни на нас граѓаните каде ја гледа Македонија за 5 до 7 години?!

Да почнеме со барање одговори на овие прашања”, предлага Трајковска.