Трајкоска: Продолжете со пливање и плажарење

Новинарката Женета Трајкоска на ФБ ги советува извесните кои моментално се на одмор да не се деранжираат со ситуацијата во земјава…
„Продолжете со пливање и плажарење, немој некој и нешто да ви го наруши одморот. Ферагостото е поважно или државава на заминување?!
Во меѓувреме се размонтиравме од странски служби, домашни мафијаши, жолти комбиња, криминалци и тајни служби од регионов, локални бараби и избегани политичари, криминалци во бели крагни и секој што немал каде да оди е дојден деновиве во Македонија. 
Во село без кучиња, волците оро водат. 

SHARE