„На Time.mk има 315 вести во една низа за Мизрахи и нејзиното разрешување (боже, кое пукање во нога беше ова), и уште 500 вести за тоа кој пратеник што рекол за Мизрахи и други дребни и сеирџиски информации, но има само 1 ( и со букви ЕДНА) тукушто објавена кратка вест дека се изгласани и изборните измени“ – реагира новинаркста Жанета Трајковска за „извештаите“ од синоќешните случувања во законодавниот дом.

„Нема информација ни како е обезбедено 2/3 мнозинство, кој гласал, имало ли дискусија итн…итн.

Човек да помисли дека на медиумите им се важни “лесните” вести за кои е доволно само да се пренесат на ниво кој што рекол, навредил, кажал некој глупост итн.

Ова инаку се вика покривање на една вест со друга вест, за да се намали влијанието на првата вест, или, стратегија на чад и огледало.

Ја изместуваш медиумската реалност и ја криеш и покриваш со тоа што пушташ чад и со помош на огледала создаваш илузија додека ги изместуваш и пушташ чад. Публиката треба да верува дека се случила магија“ – пишува Трајковска.

SHARE