Трајковски од Палермо во Мајорка

Откако неговиот соиграч во Палермо и во фудбалската репрезентација на Македонија, Илија Несторовски, замина во Удинезе, Александар Трајковски се пресели во шпанскиот прволигаш Мајорка.

Напаѓачот со 39 настапи и 12 гола за Македонија потпиша договор на четири години, во кои, според шпанските медиуми, ќе заработува по 600 илјади евра годишно.

Трајковски одигра 113 меча за Палермо во минатите четири години во Палермо, по две во Серија А и во Серија Б, забележувајќи 20 погодоци и 16 асистенции.

SHARE