Тракерот открива каде се парите, Инфомакс како функционира шемата за рекет

Колку и да нeгиpa, Зоран Заев морал да знае што се случува во неговиот двор, особено по информацијата дека во посед на италијанскиот новинар се и снимки од движењето на ГПС апаратите кои биле поставени во чантата „Луј Витон“, кои според свиркачи кои ги виделе материјалите, ГПС „тракерите“ покажувале дека чантите завршиле токму во владата на Р.Македонија. Во работен ден, пишува порталот Инфомакс.мк.

“Дека Зоран Заев морал да знае е и фактот што во организацијата на Катица Јанева и Боки 13 учествувале и блиски роднини на високи функционери на владата, но и СДСМ. На пример, во Меѓународниот сојуз основач се јавува Марија Јанковска, сопруга на братот на Божидар Јанковски познат како Бобо Дајнерс. Јанковски пак и е сопруг на Радмила Шекеринска.

Дополнителен coмнеж врз тврдењето на Заев фрла и фактот што неговата потпретседателка Шекеринска редовно присуствувала во кафуле, сопственост на нејзината јатрва. Кафулето се наоѓа во дворот на средното училиште „Георги Димитров“ во скопската населба Карпош, а истата фирма на Марија Јанковска стопанисува и со тениски терени. Неофицијално, Шекеринска во истото тоа кафуле добила и подарок чевли „Кристиан Лобутин“ вредни околу 1.000 евра од Бојан Јовановски, но оваа информација засега не е потврдена од Aнтиkopyпциска од каде пак за „Инфомакс“ најавија дека ќе ги разгледаат информациите”, објавува инфомакс.мк.

Целата информација на овој линк

SHARE