Трамп бара Европа да си ги земе „борците“ на ИСИС

Американскиот претседател  Доналд Трамп побарал европоските држави да гии прими назад уапсенте борци на  џихадистичката „Исламска држава“,.

Франција, Германија и Британија одбија да го сторат тоа, дознава Б92.

„Се работи за околу 800 џихадисти, а со сигурност може да се каже дека повеќе од 100 се од овие простори, не само од Србија, мислам и од  Косово, Македонија, но сите оние кои од овие простори заминале во Германија, Франција, а од таму во Сирија, Ирак“ вели Дарко Трифуновиќ од Факултетот за безбедност, пишува Б92.

„Веројатно ќе се вратат во овие области и не можете да ги запрете.

Ако Трамп ги пушти, а ќе ги пушти, доаѓаат кај нас. Трамп, всушност, испраќа порака до Европа: вие не критикувате, ние трошиме милијарди за да ве заштитиме вас“вели Трифуновиќ за Б92.

Тој вели дека е тешко да се докаже кои од нив отишле во Сирија и во Ирак, а српскиот воен аналитичар Александар Радиќ за б92 вели дека „ако овие луѓе дојдат – треба да им се суди“.

SHARE