Трамп: Ел Багдади е мртов, умре како кукавица


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека лидерот на т.н. Исламската држава Абу Бакир ал-Багдади е мртов, а тоа е потврдено со ДНК 15 минути по неговата смрт.
Трамп рече дека покрај ал-Багдади, загинале и две жени кои носеле експлозивни елеци, но не експлодирале, како и три деца.

Тој откри и неколку детали за операцијата во Сирија. Објасни  дека американските специјални сили од тунелот под тврдината во која се криел Багдади, извлекле и спасиле 11 деца. Трамп  додаде дека во операцијата биле вклучени и кучиња.

– Нашите кучиња го бркаа низ тунелот, а тој истрча и ги натера своите три деца да трчаат со него. Кога стигнаа до крајот на тунелот, активираше експлозивен елек, убивајќи се себеси и неговите три деца. Неговото тело беше осакатено, но на лице место утврдивме со анализа дека тој е дефинитивно тој. Негативецот, кој работеше толку напорно за да сее страв , во неговите последни моменти, беше преплашен и во паника, исплашен од гонењето , рече Трамп и додаде дека акцијата траела околу два часа.

“Уште од кога станав претседател пред три години, сакав да го фатам Ал-Багдади. Секогаш прашував каде е Ал-Багдади. Тој не умре како херој, туку како кукавица. Тој беше престрашен. Умре како куче. Тој плачеше и се молеше до крај “, рече Трамп, јави Си-Ен-Ен.

SHARE