Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша декрет со кој се признава израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина.

Овој документ претставува отстапување од американската политика во последниот половина век, објави АП.

Пред да го потпише во присуство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека „секој иден блискоисточен договор ќе мора да го земе предвид правото на Израел за самоодбрана“.

Нетанјаху вршеше притисок врз САД да го признае Голан, окупиран за време на шестдневната војна во 1967 година и анектиран во 1981 година, како израелска земја.

Потегот на Трамп беше осуден од сириската влада, која рече дека е решена да ја врати оваа област „со сите расположливи средства“.

ОН ја смета Голанската висорамнина за окупирана територија.

SHARE

Оставете Коментар