Трамп и наводите дека шефот на опозицијата е лидер на триото Мицкоски – Орбан – Салвини

Еден ден откако македонски новинар во обид да ги искоментира снимките на Ла Верита го поврза лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со италијанскиот вицепремиер Салвини и унгарскиот премиер Орбан, се јави американскиот претседател Трамп со поддршка на Италијанецот.

“Јас го поддржувам лидерот на Италијанската лига Матео Салвини. Да ја направиме италија повторно голема”, напиша Трамп на Твитер.

На 8 август новинарот на порталот новатв и телевизијата 1ТВ, Борјан Јовановски објавата на видеото во кое неговиот газда Боки 13 зема рекет вреден 1 милион евра го искоментира со 3 зборови.

“Мицкоски – Орбан – Салвини”

За твитот на Трамп со поддршка на Салвини Јовановски не дава никаков коментар. Дали можеби според неговата аналогија и американскиот претседател е во оваа група која тој ја промовира јавно?

Што точно сакал да каже Јовановски, дали сакал да го навреди или да го пофали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ може само да се претпоставува, но редоследот на имињата упатува дека Мицкоски е прв човек на споменатото политичко трио.

За потсетување, унгарскиот премиер Орбан е најмоќниот политичар во централна Европа а италијанскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Матео Салвини е највлијателниот и најпопуларниот политичар на седмата светска еконономија Италија.

Не помалку интересни од твитот на Јовановски се коментарите од неговите следбеници и колеги твитерџии.

SHARE