Трамп му даде отказ на Џон Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп  на Твитер објави дека го отпуштил советникот за национална безбедност Џон Болтон.

„Јас не се согласувам со повеќето негови предлози, како и другите во администрацијата. Затоа го замолив Џон за неговата оставка, која тој ми ја предаде утрово”, напиша Трамп на Твитер, заблагодарувајќи се на Болтон за досегашната соработка.

Трамп најави дека следната недела ќе назначи нов советник за национална безбедност.

SHARE