Трамп му се закани на Ердоган, овој го фрли писмото во ѓубре

Писмото на американскиот претседател, Доналд Трамп, до

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го фрлил во канта за отпадоци, писмото од американскиот колега Доналд Трамп дознава Би-би-си.

Првиот човек на САД, во писмото пратено на денот кога почна турската офанзива на североистокот на Сирија, го предупреди Ердоган дека во случај состојбата во Сирија да не се реши на хуман начин, во историјата ќе остане „запаметен како ѓавол“.

„Претседателот Ердоган го доби писмото, воопшто не го прифаќа и го фрли во канта“, брифираат извори на  Би-Би-Си.

SHARE