Трамп најави вакцина против коронавирус „за три-четири недели“

Американскиот претседател изјави дека САД може да ја добијат вакцината за Ковид-19 за три или четири недели.

Говорејќи за Еј-Би-Си, Доналд Трамп рече дека вакцината ќе биде подготвена за дистрибуција до претседателските избори на 3 ноември. „Ние сме многу близу до вакцината“, рече тој, пренесува Хина.

„Ако сакате да ја знаете вистината, на претходната администрација ќе и беа потребни години за да развијат вакцина поради Агенцијата за спроведување лекови (ФДА) и сите одобренија. Вакцината ја добиваме за неколку недели … Може да биде за три недели, четири недели”, рече тој.

SHARE