Трамп – најголем заштитник на неродените деца!?

Доналд Трамп стана првиот американски претседател во историјата кој присуствуваше на годишниот марш за живот во Вашингтон.

На илјадниците, кои се собраа на традиционалниот митинг на противниците на абортусот, тој им порача дека неродените деца во САДЦ никогаш немале посилен заштитник во Белата куќа.

Демонстрантите од целата земја се собраа во Вашингтон за 47-годишнината од пресудата на Врховниот суд во 1973 година за случајот „Ро против Вејд“, одлука со која се легализира уставното право на жените на абортус, пренесе „Гласот на Америка“.

Трамп ги нападна демократите поради нивната политика за абортус, предизвикувајќи овации во толпата.

Трамп рече дека „екстремната левица, за жал, активно работи на бришење на нашите од Бога дадени права, за затворање на верските добротворни организации, за забрана на верниците да се собираат во јавноста и да ги замолчат Американците кои веруваат во светоста на животот“.

Актуелниот претседател, кој го поддржуваше правото на абортус пред многу години, се претстави како посветен противник на абортусот врз основа на неговите религиозни верувања.

SHARE