Трамп одбива да носи заштитна маска

Центрите за контрола и спречување на болести препорачуваа Американците да носат платнени маски во јавноста за да спречат ширење на коронавирусот, објави вчереа претседателот Трамп.

Ажурираната препорака уследи откако за еден ден починале 1.100 луѓе од коронавирус со што бројот на жртви од пандемијата во САД надмина 7.000.

Бројот заразени за еден ден порасна за повеќе од 31,000, зголемувајќи го вкупниот број на повеќе од 273,000, пренесе Вашингтон пост.

Трамп рече дека препораката за маска е „доброволна“, и веднаш додаде дека нема да го следи упатството:

„Не мислам дека ќе го сторам тоа“.

На инсистирање на новинарите да каже зашто тој нема да ги следи препораките трамп рече дека не молже да се замисли како седи на биро во Овалната соба во Белата куќа со маска…

„Не можам да се замислам како пречекувам претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици носејќи маска. Препораката е доброволна. Не мора да го правите тоа. Мислам дека јас нема да носам“, изјави Трамп.


SHARE