Трамп останува претседател на САД до 20 јануари

Доналд Трамп ќе остане американски претседател до 20 јануари и инаугурацијата на Џо Бајден, откако лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, објави дека нема да свикува итна седница за отповикување на актуелниот шеф на државата.

Демократите, кои имаат мнозинство во Конгресот, му изгласаа импичмент на Трамп, но за процедурата на отповикување на претседателот да биде успешна потребно е да биде потврдена со двотретинско мнозинство во Сенатот.

За импичмент на Трамп гласаа 232 конгресмени, меѓу кои и десетмина од Републиканската партија, чиј претседателски кандидат беше тој, а 197 беа против, сите од нив републиканци. Тие во Сенатот имаат 51 член, 46 се од Демократската партија, двајца се независни сенатори во коалиција со демократите, а едно место е испразнето.

Објавата на Меконел значи дека за отповикување на Трамп ќе може да се расправа во Сенатот дури по завршувањето на неговиот мандат.

SHARE