Американскиот претседател на Твитер објави дека САД ја победиле така наречената Исламска држава и најави повлекување на американските сили од Сирија.

„САД ја поразија ИСИС во Сирија“, соопшти Доналд Трамп на неговиот вообичаен начин на комуникација со јавноста.

Според него, тоа било единствената причина зашто американските трупи беа во Сирија за време нанеговото претседателство.

Претходно, американски официјални лица изјавија дека има размислувања за целосно повлекување на американските трупи од Блискиот Исток, пренесе Ројтерс.

SHARE