Трамп реши: САД се повлекуваат од СЗО

Од 6-ти јули идната година, САД и официјално ќе ја напуштат Светската здравствена организација (СЗО).

Американскиот претседател Доналд Трапм ја обвинува СЗОза лошо управување со пандемијата на новиот коронавирус.

Информацијата за повлекување на САД од СЗО за првпат ја пренесе сенаторот Роберт Менедез, кој на Твитер објави дека Конгресот добил текст во кој Трамп и официјално ја повлекува државата од таа организација.

Веднаш потоа, американските власти ја потврдија информацијата, во која се наведува дека повлекувањето ќе стапи на сила за една година, односно на 6 јули 2021 година.

На 29 мај, Трамп рече дека САД ги прекинуваат врските со СЗО. Претходно тој испрати писмо до таа организација во кое се закани дека САД трајно ќе го прекинат своето финансирање поради „многу лошото управување со пандемијата и прикривањето докази за коронавирусот“.

САД се најголем финансиер на СЗО со околу 450 милиони долари годишно.

SHARE