Трамп стави заштитна маска

Американскиот претседател при посета воената болница во предградие на Вашингтон, прв пат во јавност се појави со заштитна маска поради пандемијата на коронавирус.

„Кога сте во болница….мислам дека се очекува да носите маска“, лежерно одговорил Доналд Трамп кој досега одбиваше да ги следи упатствата што им ги давал на сограѓшаните.

„Никогаш не сум бил против маски, но верувам дека за нив треба време и место“, рече тој кога ја напушти Белата куќа.

SHARE