Трамп забрани „Вашингтон пост“ и „Њујорк Тајмс“ во Белата куќа


По изјавата на Доналд Трамп дека „Вашингтон пост“ и „Њујорк Тајмс“ не се коректни кон него, Белата куќа ја укина претплатата на овие весници.

Портпаролот на Белата куќа, Стафани Гришам, рече дека прекинувањето на претплатата ќе биде „значителна заштеда за даночните обврзници од стотици илјади долари“.
Трамп и неговата администрација е честа мета на критики на овие весници.      
„Њујорк тајмс“ е лажен весник, не го сакаме повеќе во Белата куќа. Веројатно ќе ставиме крај на претплатата за тој весник и за „Вашингтон пост“, најави неодамна Трамп.
Си-ен-ен потсетува дека Трамп не е првиот претседател кој ги бојкотира весниците – Џон Кенеди ја откажал претплатата во „Њујорк Хералд трибјун“ поради наводна пристрасност, но Белата куќа подоцна ја обнови преплатата.

SHARE