Транспарент „Македонија е грчка земја“ на дербито АЕК – ПАОК

Фудбалските навивачи во Грција кој знае по кој пат вмешаа политика во спортот, истакнувајќи транспарент со пораката „Македонија е грчка земја“ на дербито меѓу АЕК и ПАОК во Атина.

На полувреме од дуелот од 19. коло од Суперлигата на јужниот сосед лидерот ПАОК води со 1:0 против третопласираниот домаќин.

Банери со националистички пораки во кои Македонија е во преден план истакнуваа фановите на ПАОК во квалификациите за Лига на шампиони есеноска.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар