Траорна атмосфера во СЈО, Јанева го прекина боледувањето, отишла на работа

Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, денеска дошла на работното место во СЈО, откако во минатиот понеделник поднесе оставка а во вторникот отвори боледување.

Извори во СЈО не знаат дали Јанева ќе даде изјава за медиумите кои веќе се собрани пред обвинителството.

Засега немало заедничка средба на Јанева со целиот тим на СЈО кој таа го избрала, се сретнала само со неколку од членови на тимот.

Изворите на expres.mk велат дека во СЈО владее траорна атмосфера и молк, но и дека вработените очекуваат Јанева да им објасни што се случува.

Претпладнево Јавното обвинителство соопшти дека е обезбеден и другиот телефон на Јанева, за кој се тврдеше дека е изгубен. Мобилниот на Јанева е пронајден кај лице коешто изјавило дека му бил даден на подарок.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење.

SHARE