Треба ли болни да плаќаат паркинг кога одат во болница?


Недозволиво е во ек на пандемија да се злоупотребува ситуацијата во која поголем број луѓе ќе бидат принудени да го користат паркингот на болницата и на тој начин со умисла да се профитира од туѓата несреќа“, вели активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје Драгана Велковска.

Таа испратила барање до Советот да ја повлече од денешната седница точката за усвојување на одлуката за измена и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг”-Скопје, јави Макфакс.

„Во болница луѓето не одат од задоволство, туку од мака и имајќи предвид дека болните најчесто не може да се донесат до болница на велосипед или со јавен превоз, а такси е надвор од финансиските можности на многу наши сограѓани со оглед на енормната стапка на сиромаштија“ вели Велковска и бара ЈП Градски паркинг, да усвои одлука со која ќе се обезбеди бесплатно паркирање на сите болнички паркинзи и за медицинскиот персонал и за пациентите и нивните блиски.

„Ни претстои нов бран од пандемијата, а се предвидува и светска финансиска криза. Најмалку што Градот е должен да направи во ваква ситуација е да носи солидарни и хумани одлуки со кои на скопјани ќе им покаже дека стои до нив, не наспроти нив“, наведува таа во барањето.

SHARE