По средбата со производителите на брашно, министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека е донесена одлука за укинување на забраната за извоз на брашно во соседните земји, пренесе ТВ21.

Според министерот, ова одлука е донесена бидејќи во време на Ковид-19, не е забележено зголемување на цената на брашното и дека државата има доволно залихи на брашно и пченица.

„Немаше зголемување на цената на брашното и денеска ја отворивме и темата при што како Влада ќе ја укинеме забраната за извоз на брашно, главно, во соседните држави, со цел и нашите производители да бидат поконкурентни. “, рече Бектеши.

Претседателот на здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанска комора, Горан Малишиќ, изјави дека е задоволен од донесената одлука, пренесе ТВ21.

Бектеши рече дека се подготвува одлуката за извоз на брашно, а се очекува да се усвои на следната владина седница.

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство во реакцијата на Ферјсбук вели дека во ек на пандемијата со коронавирус кога сите држави воведуваат рестрикции со цел обезбедување доволнои храна, нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно.

„Внимавајте, Македонија не може од сопствено производство на пченица да ги задоволи ниту сопствените потреби за лебно зрно и брашно, а сега во ек на криза сакаме да извезуваме брашно. Нормално е поедини трговци во борба за денар повеќе да сакаат да продаваат надвор, но ненормално е државата тоа да го дозволи. Обврска на владата е да го заштити домашниот пазар“ предупредува Трипуновски на ФБ.

Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз со цел обезбедување доволно храна и други…

Posted by Цветан Трипуновски on Friday, April 3, 2020
SHARE