Скапиот паркинг го затвори „Зелен пазар“

Педесетина продавачи на тезги на ПЦ „Зелен Пазар“ и денеска, трет ден, го блокираат сообраќајот со барање за намалување на цените за паркинг простор во Општина Центар.

Блокиран едел од булеварот „Кирил и Методиј“ пред Дирекцијата на „Макпетрол“.

Тие сметаат дека цената за еден час паркирање од 70 денари е премногу висока и ќе ги одвраќа граѓаните да пазаруваат на Зелен пазар и бараат враќање на старата цена од 40 денари.

Истовремено месечните билети за паркирање кои ги вадат пазарџиите се поскапени од 800 на 1.500 денари.

Од ЈП паркинзи на Општина Центар велат дека нема да отстапат од новите цени.

SHARE