“Трето полувреме” бил “глуп филм снимен од будала”

Се вжештува судирот меѓу јавните личности што имаат различни ставови за договорот со Грција за името.

Откако режисерот Дарко Митревски порача дека за Македонија е понижување да прифати промена на името и со тоа идентитетот, тој стана цел на напади од приврзаниците на власта но и на луѓе блиски на опозицијата кои го обвинуваат дека пречесто менува ставови откако лани по 27 април го нападна актерот Владо Јовановски.

Дарко Митревски: Сменете го името и сè сте смениле

Денеска нападот врз Митревски е дело на новинарот Бранко Тричковски според кого филмот на Митревски Трето Полувреме е глуп а авторот е будала.

“Прифаќам дека Договорот со Грција може да му го смени идентитетот на Дарко Митревски, но ако човекот продолжи да снима глупи филмови, сите ќе знаат дека станува збор за иста будала”, пишува Тричковски.

Филмот Трето полувреме според критичарите и публиката е еден од најубавите и најгледаните македонски филмски проекти.

Поради спорната содржина за Бугарија во последно време тој не се емитува во Македонија откако лани во август беше потпишан договорот за пријателство со источниот сосед.