Тревога во Сараево поради загадениот воздух

Заради исклучително влошените вредности на квалитетот на воздухот, во кантонот Сараево беше прогласена „тревога“.

на граѓаните им беа дадени важни упатства за престојот на отворено, физичките активности, носењето заштитни маски и користењето на моторните возила, односно градскиот превоз.

Од овие причини денеска многу жители на Сараево одлучија да останат во своите домови, за што сведочат празните улици, пренесе порталот Кликс.ба.

Само малкумина утринава излегоа надвор, додека на лицата носеа заштитни маски или шалови.

Според мерењата во 10 часот, индекстот на квалитет на воздухот на Скендерија изнесуваше 420, а индексот над 50 се смета за штетен.

Пред неколку дена, (9 јануари) Сараево беше втор најзагаден град на светот по – Скопје!

SHARE