Три грчки партии курбан поради Преспанскиот договор

Гласањето за Преспанскиот договор, како и за гласањето за доверба во владата, води кон распуштање на три опозициски партии кои најверојатно нема да бидат застапени во новиот грчки парламент по изборите.

Пратеници веќе ги напуштија „Независни Грци“, „Сојуз на центарот “и „Потами“ , а нивните лидери Панос Каменос, Василис Левентис и  Ставрос Теодоракис и се соочуваат со тешки одлуки имајќи предвид дека рејтингот на овие партии е околу и под 1 процент, далеку од потребниот цензус од 3 отсто  за влез во идниот парлементарен состав.

Последната анкета, спроведена непосредно пред гласањето доверба на владата покажува дека „Независни Грци“ имаа 0,4, Сојуз на центарот“, 1,5,  а „Потами“ 0,7 проценти поддршка во јавноста, пишува „Ефимирида“.

SHARE