„Нели гледате дека дури и по надвор кога одите имате проблеми со тој Гоце. Да, и со Даме и со Јане.

Со таа музика и тој текст кои се како тешка шкрипотина на неподмачкана врата од која се будат дури и децата во соседството и се испушта најважната поента од драматичното излагање на некоја политичка будала на некоја телевизија. На Христијан, да речеме.

Или сакате да ги браните? Да не ги давате? Е, па, океј, ако ви е добро, тогаш ништо!” – напиша новинарот Бранко Тричковски по изведба на македонската химна за време на прославата на 4 јули во американската амбасада која шредизвика реакции во јавноста.

SHARE