Тричковски најавува оставки на Заев и двајца министри

Во пост со наслов “Оставки утре сабајле” колумнистот на “Слободен Печат” Бранко Тричковски открива дека вечерва разговарал со премиерот и министрите за правда и внатрешни работи од кои бил информиран дека утре наутро ќе си дадат оставки.

“Пред малку зборев со Заев, Спасовски и Десковска и тие, видно испотресени од здравјето на Миле (Јанакиевски) и од изјавата на Мице (Мицкоски), ми рекоа дека ќе си дадат оставки утре сабајле”, пишува Тричковски на својот Фејсбук профил.

Тричкоски важи за новинар близок на СДСМ.