Тринаесет починати и уште 104 нови заразени од коронавирус

Тринаесет лица починаа од Ковид-19 во последното деноноќие во Македонија, кога се регистрирани 104 нови случаи од 918 направени тестови.

По четири пациенти од починатите се од Скопје на возраст од 78, 66, 71 и 68 години, како и од Прилеп (80, 57, 80 и 50), а по еден од Велес (74), од Охрид (67), од Кавадарци (62), од Пробиштип (72) и од Неготино (78).

Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 2.635, а на заразени 86.597.

SHARE