Тројца починати, 38 нови случаи на коронавирус


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат посмртно брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.