Се уште е во тек потрагата по напаѓачоткој  синоќа уби три лица и рани уште 12 на божикен пазар во Стразбур,  соопшти министерот за внатрешни работи на Франција Кристоф Кастанер.

Шест од повредените се во критична состојба, изјави министерот за новинарите во Стразбур.

“Напаѓачот бил вмешан во две престрелки со безбедносни сили меѓу 20:20 и 21:00”, рече министерот Нападот се случи на божиќен пазар на плоштадот Клебер, кој се наоѓа  во стариот дел од градот кој е вброен светското наследство на УНЕСКО.

Околу 350 полицајци се вклучени  во операцијата за негово апсење.

Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж, а неговиот стан претходно бил претресен во рамки на истрагата за грабеж извршен летото.

„Осомничениот е познат на полицијата по криминални дела кои не се поврзани со тероризам. Тој имал затворска казна во Франција и Германија и бил во затвор “, рече Кристоф Кастанер.

Франција го зголемува нивото на безбедност на божиќните панаѓури, рече министерот за внатрешни работи.

„Владата одлучи да воведе вонредни мерки. Ќе биде засилен граничните контроли, како и контролата на божиќните чаршии во земјата “, рече Кастанер.

SHARE