Двајца виетнамски туристи и локален туристички водич, загинаа од импровизирана бомба  која експолидираше во  момент кога  поминувал туристички автобус кој превезувал  14 виетнамски туристи кон регионот Гиза и Пирамидите, во јужниот дел на Каиро.

Останатите 11 патници се здобија со полесни или потешки повреди

Бомбата била монтирана во еден ѕид покрај патот и била детонирана  во моментот кога автобусот поминувал покрај него, соопштија од египетското Министерство за внатрешни работ.