Возилото „Фолксваген Туарег“, што е пронајдено запалено во близина на Арачиново и со кое избегале напаѓачите кои пукале со огнено оружје вчера во „Александар палас“, било украдено пред 8 месеци..

Во запалениот автомобил биле пронајдени и две автоматски пушки „калашников“Њ.

Три маскирани напаѓачи влегле во хотелот и ги нападнале Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) кои седеле во ресторанот.

Полицискиот службеник Љ.Ќ. кој седел со нив и не бил на смена, испукал од службениот пиштол 11 куршуми кон напаѓачите по што тие избегале.

Весникот Коха дознава дека возилото  било украдено во Скопје во март.

Табличките исто така биле украдени од друг автомобил, а како што објаснуваат извори на весникот, бил планиран порано, бидејќи и двете групи – напаѓачите и нападнатите во ресторанот на хотелот, се познати на полицијата.

SHARE