Туна Сејди со поддршка за македонското семејство под удар на етничко чистење или вандализам во Турската чаршија (ФОТО)

Познатата пејачка Туна Сејди изрази поддршка за сопствениците на хотелот Арка во Старата Турска Чаршија кои бараат заштита од постојаните напади на нивниот имот за кои се сомневаат дека имаат етничка позадина.

Туна која е ќерка на прославениот борач Шабан Сејдиу на Фејсбук со знакот кој покажува дека се моли за нив даде поддршка за сопствениците кои веќе немаат заштита од полицијата која одбива да ги штити иако со месеци не можат да влезат во својот хотел поради закани по живот.

Во други коментари на Фејсбук дел од коментарите велат дека се работибза етничко чистење, дел дека тука нема такво нешто а дел велат дека се работи за нерасчистени имотно правни односи.

Последната македонска фамилија во овој дел од Скопје која обвинува дека таму се врши и уништување на културно наследство бара заштита од властите и меѓу другите бараат од премиерот и министерот за полиција да им помогнат.

Целото обраќање во целост:

Почитувани пријатели,

Во текот на денешниот ден врз имотот на Хотел Арка беше извршен вандалски напад од 20тина хулигани организирани од сопствениците на дивоградби во Старата Скопска Чаршија. Паралелно со ова се врши геноцит на културното наследство со рушење на заштитените објекти во истата.

Полиција интервенираше неколку пати, меѓутоа од полициска станица Битпазар одбиваат да не заштитуваат понатаму. За сите настани се директно известени сите надлежни органи, од Општина Чаир и Град Скопје до Државните инспекции и МВР, од началник до градоначалник.
Министерство за внатрешни работи, Oliver Spasovski, Komuna Çair-Municipality of Cair-Општина Чаир, Visar Ganiu – Faqja zyrtare, Град Скопје, Петре Шилегов, Zoran Zaev, Управа за заштита на културното наследство, U.S. Embassy Macedonia.

Нас како сопственици ни е оневозможен пристапот до хотел Арка поради закани по животот. Ова е резултат на неколку месечен напад врз нашата фамилија, како последна македонска фамилија која оперира во Старата Скопска Чаршија и овој дел од градот.
Хотел Арка е еден од првите хотели со 5 звезди во Скопје и годишно опслужува преку 7000 гости.

Ова ни е последна шанса да издејствуваме некаква реакција од надлежните институции, ве молам за share на истово со цел да извршиме притисок врз истите.

Ви благодарам,
Оља Џиковска
Хотел Арка, Скопје

На следниот линк видео и фотографии од вандалите кои уривале приватен имот.