Турција откри уште едно наоѓалиште на гас во Црното Море


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека е откриено ново наоѓалиште на гас во Црното Море со капацитет од 85 милијарди кубни метри гас.

Соред турски „Сабах“, денеска шефот на државата го посетил бродот Фатих, кој во август го откри најголемото поле на природен гас во земјата со вкупна резерва од 320 милијарди кубни метри.
Според него, бродот продолжил да работи по откривањето на првото поле и при истражувањето е откриено друго со наоѓалишта од 85 милијарди кубни метри гас.
Според извори на Сабах, експлоатацијата на гас од Црното Море е планирано за јануари 2023 година, а до 2025 година годишниот проток треба да достигне 15 милијарди кубни метри. БГНЕС

SHARE