Турција: Рамазан Бајрам во полициски час

На територијата на целата Турција од 23 мај ќе биде воведен четиридневен полициски час, во период кога се слави најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам, соопшти претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Чекорот се презема како дел од мерките против Ковид-19, а Турција ќе ги отвори џамиите на 29 мај со петочната молитва.

Според Министерството за здравство, во Турција починале 4.171 лица, додека 111.577 оздравеле.

Извор: Сител

SHARE