Амбасадорот Фарук Кајмакџи, заменик-министер за надворешни работи на Република Турција во интервју за МИА, вели дека нема никаква пречка или проблем, можете да бидете спокојни, рече, ние сме Ваш најголем поддржувач во насока на членството во НАТО и во најскоро време Турција ќе го ратификува Протоколот за полноправно членство.

Според него, безбедноста на нашата држава и на Балканот значи безбедност на европскиот континент.

„Како претставник на Турција, пријател на земјата велам борбата на Северна Македонија против терористичката организација Фето е многу значајна од аспект на Турција, а е многу значајна и за иднината на Северна Македонија“, вели во интервјуто меѓудругото и порача дека очекувањата од Турција се сите братски и пријателски земји на Балканот, на чело со Северна Македонија да преземат одлучни чекори во борбата против сите терористички организации, собено против Фето.

Тоа, според Кајмакџи, ќе биде значаен показател за нашето пријателство. Во однос на економската соработка, странските инвестиции, трговската размена, изрази надеж дека во јуни Република Северна Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ, со што ќе претставува порта и за влез на турските компании преку нашата земја на европскиот пазар.

Извор: МИА