Туристи од ЕУ по „чушки“ во Пирот


Еден килограм пиперки или домати можат да се купат за еден или два лева (половина или 1 евро) на пазарот во Пирот кое е омилено место за бугарски туристи, се вели во репортажа на БГНЕС од српскиот пограничен град.

„Пирот е град историски поврзан со бугарскиот национален идентитет. Тој е омилено место на нашите сонародници за пазарување и за туризам, поради привлечните цени. Саботниот пазар е омилено место за туристите од Бугарија“, забележа екипа на БГНЕС.

SHARE