Туристички колапс во Црна Гора – 92% помалку гости

Малку повеќе од 15.000 туристи ја посетила Црна Гора годинава, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, со цел да останат барем на позитивна нула, дознава Радио Слободна Европа.

Во најјужниот црногорски град Улцињ, угостителите велат дека немаат ниту пет проценти од минатогодишниот промет. Стариот град не бил толку празен со децении.

SHARE