Туск бара мотивација за Македонија и преговори за 7 месеци

Првиот човек на Европскиот Совет Доналд Туск вечерва во Брисел со цел да не се понижат целосно, лобира Советот да подготви “Мотивациско писмо” за Македонија и Албанија.

Во писмото за мотивација за Македонија и Албанија се предлага:

Да се донесе Одлука за започнување преговори за двете држави во мај 2020.

Дотогаш според предлогот треба да дојде до примена на реформите на ЕУ што ги бараше Макрон кои ќе ги заострат критериумите за пристапување во ЕУ.

Мотивациското писмо, доколку биде прифатено од сите земји членки, треба да биде објавено утре.

Засега нема потврда дека барањето на Туск е прифатено од земјите членки.

SHARE