„Вие направивте сѐ што се очекуваше од вас. Но, сакам бидам искрен со вас: Не сите земји членки подготвени да донесат одлука за отворање преговори во наредните денови“, му кажал денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на претседателот Стево Пендаровски кој денеска во Брисел е на прва официјална посета во странство во својство на шеф на државата.

Туск рекол дека лично верува дека може да има само една одлука: Да се отворат преговори согласно препораките на Европската комисија, и за Северна Македонија и за Албанија и дека пашањето денеска не е дали, туку кога.

„Малку сум внимателен, бидејќи знам дека понекогаш постигнувањето консензус меѓу 28 земји знае да трае подолго отколку што би сакал“, кажал Туск како што пренесува „СакамДаКажам.

SHARE