Туск откри кој лажел во јуни за датумот за преговори со ЕУ

Владата и најголем дел од провладините медиуми денеска се обидоа да ја скријат веста која што дојде од Брисел а која што ги расчисти сите дилеми дали Македонија во јуни добила датум за преговори со ЕУ.

Владината прес служба по средбата на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, брифираше за средбата но не ја спомна пораката од Туск според која Македонија допрва ќе треба да добие датум за преговори.

„Пораката е дека ако Македонија продолжи со ова темпо, ако се реализира Договорот од Преспа и ако има имплементација на клучните реформски приоритети, може да надомести дел од изгубеното време во интеграцискиот процес и со право да се надева на почеток на преговорите во јуни 2019 година“, информираа денеска од Владата.

За разлика од владините инфорамции кои ги пренесоа најголем дел од медиумите верзијата за датумот за преговори која ја објави весникот Слободен печат кој пренесува вест од државната новинска агенција МИА е различна.

Во веста која е затворена за јавност и можат да ја користат само претплатниците на агенцијата прецизно се вели дека доколку има напредок во процесот на уставните измени и реформите Македонија во јуни ќе добие датум за преговори.

Кај сите други медиуми оваа изјава е преформулирана и во неа се користи формулацијата дадена од владата во која се потенцира дека може да надомести дел од изгубеното време во интеграцискиот процес со право да се надева на почеток на преговорите во јуни 2019 година, без воопшто да се спомене датумот за преговори.

Во веста на Слободен Печат кој ја пренесува информацијата на МИА презицно се вели:

„Туск, како што информираше, му дал гаранција дека со завршувањето на овој процес и на реформите извесно е дека Македонија во јуни ќе добие датум за преговори на Европскиот совет.

Со изјавата на Туск која ја пренесува МИА која има свој дописник во Брисел јасно е дека македонските власти пред 7 месеци лажеле кога тврдеа дека бил добиен датум за преговори. Туск сега јасно порача дека допрва ќе се знае дали во јунни ќе добиеме датум за преговори за влез во Унијата.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар