„Постојат антиевропски сили кои сакаат отворено или тајно да влијаат на демократските одлуки на Европејците”, рече Туск.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск предупреди на ризикот од „непријателскои странско мешање“ на изборите за Европскиот парламент во мај, и повика  брзо да започне „европската ренесанса“, ншто за што зборува и францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе Ројтерс.

Туск вели дека тие сили „сакаат отворено или тајно да влијаат на демократските одлуки“ и како пример за тоа го наведе резултатот на британскиот референдум за напуштање на ЕУ од 2016 година.

„Ова повторно ќе биде случај кога станува збор за изборите за Европскиот парламент во мај. Не им дозволувајте на политичките партии основани од страна на надворешни сили кои се непријателски кон Европа да одлучуваат за клучните приоритети на ЕУ и за раководствата на европските институции“, рече Туск.

Тој, на прес конференција, рече дека целосно го поддржува начинот на размислување на Макрон за Европа.

Францускиот претседател силно застана во одбрана на нова Европа во колумна објавена во понеделникот во сите 28 земји-членки на ЕУ во која тој го спомнува идејата за „европска ренесанса“.

Макрон предупреди дека Европа е загрозена и ѝ требаат фундаментални реформи.

Целта на предлогот претставен во колумната е одбрана на европските граѓани, со нов поттик на Унијата во однос на глобалната конкурентност.

„Европската ќе избори за неколку недели ќе ја одредати иднината на нашиот континент. Европа од Втората светска војна никогаш не била попотребна и ниту пак пак некогаш била загрозена како денес. Национализмот не нуди ништо. Тоа е проект кој одбива“, пишува Macron.

Тој предлага формирање на европска агенција за заштита на демократијата, чии експерти ќе спречат манипулација и финансирање на европските партии од странство.

Исто така, се предлага обновување на Шенген зоната, формирање на заедничка гранична полиција и канцеларија за европски азил.

Неговата цел е да предложи реформи на Унијата без забранети прашања, вклучително и обновување на постоечките договори.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.