Тутунарите денеска организираат протест пред Владата, на кој ќе побараат одговори за неисполнетите ветувања дека ќе се корегира годинашната, катастрофална откупна линија.
„Неколкупати се среќававме со Владата и откупувачите, на маса имаше договор но на терен се случуваше обратно. Ситуацијата е се полоша и полоша. Премиерот и министерот застанаа на наша страна, ветија дека ќе се заземат за подобрување на состојбата, дадовме рок од 5 дена за да заживее договорот, но уцените станаа уште пожестоки, проценката полоша, а цените никакви.
Затоа се договоривме да ги повлечеме поверениците за да направиме дополнителен притисок врз откупувачите, но и да се укаже на Владата дека е алармантно и не отстапуваме“, изјави за Дојче веле Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари.