Граѓани кои не ги искористиле ваучерите за туризам, ги продаваат на Интернет.

Иако ги добиле бесплатно – како една од мерките за помош на граѓаните за со последиците корона кризата – тие сега се продаваат по најчесто половина цена, но и поскапо.

ТВ 21 провери некои од понудите, а заедно со ваучерите „прoдавачите“ нудат и лични податоци потребни да се „активира“ ваучерот.

Според Министерството за економија досега се употребени се 43 илјади ваучери за домашен туризам, од вкупно доделени 115.000.

Ваучерите треба(ше) да се искористат во периодот од 15 јули до 15 декември годинава.

SHARE