Твит: А кој ден е работен за администрацијата?

Граѓани на социјалните мрежи реагираа на вчерашното „премислување“ на Владата дали и за кого да го прогласи денешниот ден  за (не)работен по повод посетата на папата Фрациско на Скопје.

Во бројните коментари , некои саркастични, некои шеговити, се одвојуваат оние  дека се тактизирало до последен момент за граѓаните не го „споја“  викендот со денешниот вторник за да бидат в недела на вториот круг на претседателските избори….

SHARE