Твит на денот: ЕУ е во право, дури и кога греши!

Твитот на денот го има акаунтот „Мимоза на Џорџ“ (@PravednaTavita), кој ја парафразира славната изјава на некогашниот премиер и претседател на Македонија и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, по загубените избори во 2011 година.

„ЕУ е во право, дури и кога греши!“, е објавата на денот на Твитер, која се однесува на непостигнатата согласност на денешниот состанок во Луксембург за отпочнување на пристапни преговори со Македонија и со Албанија.

Во мртва трка за твит на денот беше уште еден пригоден пост на „Мимоза на Џорџ“: „Само Крсто може да ја отвори вратата на ЕУ!“.

SHARE